ПОЛИТИКА ПРОТИВ ПОТКУПУВАЊЕ

Претпријатието е посветено на имплементација на политика против поткупување која вклучува постапки, административни процеси, обука, насочување и надзор. Суштината на оваа заложба е претпријатието да обезбеди законитост во работењето, што овозможува антикорупциската политика на претпријатието да биде составен дел од секојдневната пракса.

 

Секоја форма на поткупување е забранета. Поткупување е директно или индиректно нудење, ветување или давање каква било неоправдана корист на

  • државен службеник,
  • политички кандидат, политичка партија или партиски функционер или
  • кој било вработен (вклучително и лице кое раководи или работи за приватно претпријатие, без оглед на неговата функција во претпријатието) и барање или прифаќање таква неоправдана корист од наведените лица заради стекнување, задржување или водење бизнис или обезбедување на каква било друга недозволена деловна корист.
Друштвото забранува поткупување во сите деловни трансакции спроведени директно или преку трети лица, што посебно вклучува зависни претпријатија, заеднички претпријатија, застапници, претставници, консултанти, берзански посредници, изведувачи, добавувачи или кои било други посредници кои се под ефективен надзор на претпријатието.
Претпријатието забранува поткупување во каква било форма, меѓу другото и во врска со каква било договорна исплата или дел од договорна исплата, или на кој било начин или под какви било околности, што се користат за обезбедување недозволени користи за своите клиенти, застапници, изведувачи, добавувачи или вработени.
Системот е воспоставен според меѓународниот стандард ISO 37001 за системи за спречување на поткупување, кој дава насоки за воспоставување, имплементација, одржување, преглед и подобрување на системот за управување за спречување на корупција.
 
 
• ДОБРОТВОРНИ ПРИЛОЗИ И СПОНЗОРСТВА:
 

Претпријатието, неговите вработени или посредници не смеат како изговор за поткупување да даваат директни или индиректни прилози за политички партии, функционери на политички партии, кандидати за политички функции, политички организации или поединци кои се занимаваат со политика.

 

Сите политички прилози мора да бидат транспарентни и дадени само во согласност со важечкото законодавство.

 

Претпријатието мора да се погрижи добротворните прилози и спонзорските средства да не се користат како изговор за поткупување. Сите добротворни прилози и спонзорски средства мора да бидат транспарентни и дадени во согласност со важечкото законодавство.

 
• ПОДАРОЦИ, РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПЛАЌАЊЕ НА ТРОШОЦИ:
 

Претпријатието забранува нудење или прифаќање подароци, репрезентации или плаќање на трошоци кога тоа би можело несоодветно да влијае, или би можело да се сфати дека несоодветно влијае на резултатот од набавка или друга деловна трансакција, и кога таквите трошоци се неразумни и не се направени во добра волја.

• ОРГАНИЗАЦИЈА И ОДГОВОРНОСТИ:
 

Управата е одговорна за надзор над развојот и спроведувањето на ефективна политика против поткупување. Управата обезбедува проверка на ефективноста на политиката против поткупување, а кога ќе се откријат недостатоци, ќе се погрижи за усвојување на соодветни корективни мерки.

 
• ДЕЛОВНИ ОДНОСИ:
 

Претпријатието мора да ја применува политиката против поткупување при работењето со зависни претпријатија, партнери во заедничко претпријатие, застапници, изведувачи и други трети страни со кои има деловен однос.

 
• ЗАВИСНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА:
 

Политиката против поткупување е заснована така што се зема предвид целото претпријатие и мора да се спроведува на ниво на целото претпријатие и исто така да се применува во сите суштински аспекти за зависните претпријатија контролирани од претпријатието.

 
• ЗАСТАПНИЦИ, КОНСУЛТАНТИ И ДРУГИ ПОСРЕДНИЦИ:
 

Претпријатието мора да спроведе длабинска анализа пред да назначи застапник, консултант или друг посредник, доколку околностите го налагаат тоа.

 

За сите договори со застапници, консултанти и други посредници мора да се добие претходна согласност од високото раководство.

 

Надоместокот што им се плаќа на застапниците, консултантите и другите посредници мора да биде соодветен и оправдан надомест за извршените законски услуги и мора да се плати во добра волја.

 

Претпријатието мора да го следи однесувањето на своите застапници, консултанти и други посредници и да има договорно право да го раскине договорот кога нивното однесување не е во согласност со политиката против поткупување.

 

Претпријатието мора да ги спроведе своите постапки за набавки фер и транспарентно. При оценувањето на изведувачите, подизведувачите и добавувачите, претпријатието по потреба мора да спроведе длабинска анализа со која ќе се осигура дека тие имаат ефективни политики против поткупување.

 
• ВНАТРЕШНИ КОНТРОЛИ И РЕВИЗИЈА:
 

Претпријатието мора да води детални деловни книги и евиденции во кои сите финансиски трансакции се соодветно и правично документирани. Претпријатието не смее да води посебни конта за некнижени деловни трансакции. 

Претпријатието мора да осигура дека системите за внатрешни контроли, особено сметководствените и книговодствените практики, се предмет на редовни ревизии.

 
 
• ПОСЛЕДИЦИ:
 

Посветеноста на претпријатието кон програмата треба да се рефлектира во неговите практики во областа на човечки ресурси. Во случај на прекршување на политиката против поткупување, претпријатието може да воведе соодветни санкции за прекршувањето во дисциплинската постапка, вклучително и можност за престанок на работниот однос.

 
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СПОРНИ ПРАШАЊА И ДОБИВАЊЕ НАСОКИ:
 

Од вработените во претпријатието се очекува што поскоро да предупредат за спорни прашања и да ги пријават сомнителните околности до надлежните вработени во претпријатието.

 

Претпријатието мора да обезбеди безбедни и достапни начини преку кои вработените и другите можат да покренат спорни прашања и да пријават сомнителни околности („свиркање“) во доверба и без ризик од одмазда. Наведените начини, исто така, мора да бидат достапни за вработените и другите за добивање совети или изразување предлози за политиката за спречување поткупување.

 
• Известување:
 

Евентуалните неправилности или неусогласености може да се достават анонимно во сандачето на капија, да се испратат преку е-пошта до info@tab-mak.mk или директно до правната служба: nevenche.trajchev.ljubenovska@tab-mak.mk (032-481-501).

За дополнителни појаснувања или за изразување предлози во врска со оваа Политика или релевантните закони и прописи, ве молиме контактирајте ја правната служба.

 
• КОМУНИКАЦИЈА:
 

Претпријатието мора јавно да ја открие својата политика против поткупување. Високото раководство на претпријатието мора да ја следи политиката против поткупување и редовно да ја прегледува нејзината адекватност и ефективност и да ја подобрува доколку е потребно. Претпријатието мора да биде отворено за комуникација со релевантните засегнати страни во врска со неговата Политика против поткупување.

 
Политиката се објавува на веб страната tab-mak.mk, eDocs и Z:\TAB MAK informator.
 
 
Пробиштип, февруари 2022 година
 
Генерален директор на ТАБ МАК
Петер Верчко

Веб страна:

www.tab-mak.mk

Емаил

info@tab-mak.mk

Телефон

00389 (0)32 481 501

Контакт

  • Адреса: Македонски Револуционери
    50, Пробиштип, Р.С. Македонија
  • Емаил: info@tab-mak.mk
  • Веб страна: www.tab-mak.mk
  • Телефон: 00389 (0)32 481 501

FACEBOOK

© 2019 Developed by UNET. All Rights Reserved.