Во фирмата ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип се стремиме кон непрекинато утврдување и подобрување на нашата конкурентска глобална положба во областа на производство и продажба на оловно-киселински батерии.
Раковоството на фирмата ќе ги исполни сите услови, кои што се потребни за достигнување на поставените цели и непрекинато подобрување на ефикасноста на системот за управување со квалитетот и животната средина.
Раководството се обврзува да создаде услови, кои што ќе овозможат производство и продажбата на производи во согласност со домашните и меѓународните законски прописи и стандарди, како и да бидат исполнети сите барања од клиентите со цел зголемување на нивното задоволство.
Во своето работење ќе се грижиме, нашето влијание врз животната средина да биде минимално и во рамките на пропишаните законски граници, прописи и договори со сите заинтересирани страни што важат во Република Северна Македонија и на сите пазари, каде што ќе работи фирмата.
Исто така, ќе се грижиме за безбедноста и здравјето на вработените на работните места, како и за нивната мотивираност. Ќе овозможиме добивање на потребното знаење за обезбедување на соодветна обука.
Препознатливоста и угледот меѓу клиентите и во пошироката јавност сакаме да ја достигнеме со конкурентност, сигурност и квалитетни производи и со заложувањето на раководството и сите вработени при заштитата на животната средина и спречувањето на загадувањето.
Целта на фирмата е да биде подобра од конкурентските фирми што ќе го постигнеме на следниот начин:
- следење на водечките глобални друштва како и воведување на нова технологија и производи во областа на оловно-киселински батерии,
- намалување на потрошувачката на енергеси и количини отпад по единица производ,
- употреба на најдобрата достапна технологија (БАТ) при исполнувањето на барањата за дозвола за заштита на животната средина,
- достигнување на највисок можен степен за рециклажа на оловен и друг отпад,
- ќе го одржуваме и подобруваме интегрираниот систем за управуванје со квалитетот и животната средина според стандардите ИСО 9001:2015 и ИСО 14001:2015,
- ќе ги препознаваме и оценуваме аспектите од животната средина според нивната важност,
- спречување на повреди и нарушување на здравјето на работното место врз основа на оцена на ризикот и постојано препознавање на опасноста,
- исполнување на барањата за заштита и здравје при работа во врска со максималната дозволена вредност на Пб во крвта на вработените,
- остварување профит.
Целите ќе ги оствариме со заеднички сили на сите вработени, како и со соработка со нашите деловни партнери и други заинтересирани странки, кои што ќе бидат вклучени во работењето на друштвото. Политиката е достапна за јавноста на интернет страницата на фирмата ТАБ МАК.
Пробиштип, Април 2020
Директор ТАБ МАК
Петер ВЕРЧКО