На ден 22. мај од 13 до 15 часот, Друштвото на словенски и македонски стопанственици СИЗ Скопје, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија организираше еколошки акции во Пробиштип, Скопје и Охрид, по повод 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија. Во Пробиштип се чистеше во Лесново, поточно паркингот и патот до манастирот, додека во Скопје и Охрид се чистеа локални депонии. На настаните беа присутни и екипи на Црвениот крст.