24.06.2016 на факултетот за електротехника и информациски технологии се изврши презентација на првата фаза од студентскиот проект,реализација на електрично возило картинг.Во неговата изработка се вклучени група студенти под покровителство на самиот факултет и бројни спонзори.
Свое учество зема и нашата компанија Таб Мак ДОО која за Феитмобилот обезбеди батерии од типот TAB Motion Tubular 55T со што го помогна овој студентски проект кој ќе се развива и во идниот период, од следните генерации студенти од Електротехничкиот факултет.