Ден на групацијата ТАБ – 2025 година

По повод одбележувањето на Денот на групацијата ТАБ, Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип и оваа година организираше традиционална екскурзија за 60 свои вработени во Словенија.

Како и секоја година, настанот беше исполнет со пријатна атмосфера, дружење, насмевки и позитивна енергија. Вработените имаа можност да се поврзат со колеги од другите компании од групацијата и да создадат спомени кои долго ќе се паметат.

Во рамки на спортските активности што се организираа по тој повод, вработените од ТАБ МАК покажаа одличен тимски дух и спортски натпреварувачки карактер, освојувајќи награди во повеќе дисциплини:

·       🥉 Трето место – Пикадо (жени)

·       🥉 Трето место – Одбојка (жени)

·       🥉 Трето место – Куглање (жени)

·       🥉 Трето место – Шах (жени)

Им честитаме на сите учесници и добитници на награди за постигнатиот успех и ја изразуваме нашата благодарност за достојното претставување на компанијата. Овој настан уште еднаш ја потврди важноста на заедништвото, тимската работа и грижата за вработените – вредности кои се длабоко вградени во корпоративната култура на групацијата ТАБ.



Галерија

Веб страна:

www.tab-mak.mk

Емаил

info@tab-mak.mk

Телефон

00389 (0)32 481 501

Контакт

  • Адреса: Македонски Револуционери
    50, Пробиштип, Р.С. Македонија
  • Емаил: info@tab-mak.mk
  • Веб страна: www.tab-mak.mk
  • Телефон: 00389 (0)32 481 501

FACEBOOK

© 2019 Developed by UNET. All Rights Reserved.