Традиционално, како и секоја година, годината ја завршуваме со организација на Новогодишна претстава за децата на нашите вработени (новогодишната претстава со наслов ,,Далматинко и Дедо Мраз”, со актерите Сашо Ристовски, Бранко Артанасов и Магдалена Ризова Черних)
Пред самиот почеток на претставата Дедо Мраз ги израдува сите дечиња со новогодишни пакетчиња и им посака во новата година да бидат здрави, среќни и умни.
Децата, заедно со своите родители на големо задоволство и со внимание ја проследија претставата.
Целиот настан беше проследен со детски насмевки и пеење на познатите песнички за Нова Година.