ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип на Јавниот Здравствен Дом Нада Михајлова донираше најсовремен ЕКГ апарат кој ќе се користи во кардиолошка ординација во општина Пробиштип.
Како општествено одговорна фирма ТАБ МАК секогаш на прво место се грижи за здравјето и безбедноста при работа за вработените во ТАБ МАК и сите граѓани во општина Пробиштип
Со оваа донација, овозможени се превентивни кардиолошки прегледи на сите граѓани на територија на општина Пробиштип, додека вработените на ТАБ МАК ДООЕЛ, во наредниот период имаат бесплатен кардиолошки преглед.