На ден 20.12.2023 година ТАБ МАК ДООЕЛ организираше новогодишен настан за сите свои вработени во Кино салата во Пробиштип.
Настанот започна со Stand - up комедија со популарните актери Тино и Атанас.
На настанот се доделија благодарници и јубилејни награди за 10 години работен стаж во фабриката на 29 вработени и 18 награди за најдобри работници (најдобар работник во погон монтажа, погон плочи, погон формација, погон рециклажа, награда за посебен придонес, награда за златни раце, награда за електричар, вилушкарист, бравар и награда за најпреспективни работници во 2023 година).
Настанот продолжи со кетеринг во холот на Кино салата Пробиштип.